29 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche 911 Carrera зa 2016-та: Збогум „атмосферци“ (фото+видео)

Porsche 911 Carrera зa 2016-та: Збогум „атмосферци“ (фото+видео)

nova 911 - 1

Производителот од Штутгарт ги објави фотографиите и техничките детали од освежениот модел „911“. Иако речиси секој најпрво ќе ги примети козметичките интервенции на надворешноста, најважните промени се направени во моторизацијата на автомобилот.

Со редизајнот се опфатени купето и кабриолетот, во стандардната и моќната „S“ верзија.

Моделите за 2016-та година добија нови браници со поголеми странични отвори за воздух, па наместо досегашните две, сега се наоѓаат три хоризонтални решетки.

nova 911 - 2

Дневните светла сега се составен дел на фаровите и се состојат од четири светлосни извори поставени околу главниот фар.

Позади, наместо хоризонталните „шкрги“ на капакот на моторот, вградени се вертикални решетки, а редизајнирани се и браникот и стоп светлата.

Освен тоа, произведувачот соопшти дека е променет и дизајнот на бандажите и кваките на вратите.

nova 911 - 3

„Porsche 911 Carrera“ за 2016-та е опремен со нов „PCM“ (Porsche Communication Management System) мултимедијален систем со „Apple CarPlay“ компатибилност и унапредена навигација.

За прв пат во овој модел, навигациониот систем овозможува „Google Earth“ и „Google Streetview“ приказ на екранот.

Редизајниран е и воланот, а верзијата со опремениот пакет „Sport Chrono“, има на воланот опција за избирање на еден од четири предефинирани типови на возење : „Normal“, „Sport“, „Sport Plus“ и „Individual“.

nova 911 - 4

Моделите со автоматски „PDK“ менувач со двојно квачило опремени се со функција која при притиснување на копче од моторот се извлекува максимална моќ во траење од 20 секунди.

При активација на оваа опција, системот избира оптимаен преносен однос во менувачот за остварување на краткорочна максимална сила.

„Porsche“ има внесено уште една новина – за прв пат во основната верзија на моделот, „911 Carrera“ е достапна со опционен систем на управување кој овозможува придвижување на задните тркала, претходно беше ексклузивно за поскапите верзии, како што се „911 Turbo“ или „911 GT3“.

nova 911 - 5

Наместо досегашните атмосферски агрегати, по капакот на моторот се наоѓа нова, 3.0-литарска  „twin-turbo“ единица со 6 цилиндри.

Во верзиите „911 Carrera“ и „911 Carrera Cabrio“ овој мотор произведува 370 ks (272 kW) и 450 Nm, додека пак кај моќната „S“ верзија развива 420 ks (309 kW) и 500 Nm.

Во двата случаи, моторите располагаат со по 20 ks и 60 Nm повеќе во споредба со претходните погонски единици.

nova 911 - 6

„Porsche 911 Carrera“ со „PDK“ менувачот и „Sport Chrono“ пакетот од 0 до 100 km/h забрзува за 4,2 секунди, што е за 0,2 секунди подобар резултат од претходникот.

„Carrera S“, исто така опремена со „PDK“ менувачот и „Sport Chrono“ пакетот, до стотка развива за  3,9 секунди (подобрување за 0,2 секунди). Зголемени се и максималните можни брзини, па „Porsche 911 Carrera“ достигнува до 295 km/h, а „Carrera S“ 308 km/h.

Наспроти подобрените перформанси, производителот тврди дека новата „911-ка“ е по економична и дека во просек троши 12 проценти гориво помалку од претходната верзија.

nova 911 - 7

Редизајнираниот „Porsche 911 Carrera“ ќе има премиера на предстојниот саем за автомобили во Франкфурт.

Продажбата најпрво ќе започне во Германија, во декември, по цена од 96.605 евра, колку што ќе чини стандардната „Carrera“, односно 110.766 евра ќе треба да се платат за „Porsche 911 Carrera S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП