7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна изградбата на 73 нови социјални станови во Прилеп

Започна изградбата на 73 нови социјални станови во Прилеп

stanovi22

Во Прилеп денеска е поставен камен-темелник на новата зграда со 76 социјални станови во населбата Точила.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Објектот ќе се протега на површина од 3.220 метри квадратни, а средствата за изградба на становите се обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Изведувач на работите ќе биде „Виа инженеринг“ од Вевчани.

– Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории, зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата, истакна Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според градоначалникот Ристески, објектот е почеток на заложбите на Владата и на локалната самоуправа да се отвора можност што повеќе прилепчани да го решат станбеното прашање. Ристески вети и повеќе зафати за урбанизација на населбата Точила со преку 5.000 жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП