20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBloomberg планира да крати работни места

Bloomberg планира да крати работни места

bloomberg 3303

Финансискиот медиумски гигант „Bloomberg“ планира да скрати дел од тимот, соопшти „New York Post“ во средата, повикувајќи се на анонимни извори.

Економскиот медиум во која работат околу 2.400 новинари во целиот свет, планира да отпушти околу стотина вработени, или 4,2% од вработените во редакцискиот оддел, соопштува „New York Post“.

Се очекува голем дел од намалувањата да бидат меѓу политичките и владините новинарите надвор од канцелариите во Њујорк и Вашингтон, коментираат уште изворите.

Мајкл Блумберг се стреми да го намали вишокот во тимот, вели внатрешен извор, додавајќи дека е запрен и изборот на нови вработени.

Кратењата доаѓаат во момент на тешкотии за компанијата. Во јуни од откриените внатрешни документи стана јасно дека новинар ја опишува атмосферата во медиумот како „исполнета со страв“. Во следниот месец „Bloomberg“ го отпушти Џош Тополски, уредник на електронскиот медиум.

Портпаролот на „Bloomberg“ одби да ги коментира информациите велејќи дека компанијата нема да дискутира за прашањата поврзани со човековите ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП