27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛауда: Мото ГП е поспектакуларен од Формула 1

Лауда: Мото ГП е поспектакуларен од Формула 1

rosi lauda

Трикратниот светски првак во Формула 1, Ники Лауда, за време на посетата на Големата награда на Чешка, која викендов се возеше во Брно, рекол дека во моментов Мото ГП шампионатот е поспектакуларен од првенството на Формула 1.

„Занимливо е да се гледаат трките во Мото ГП шампионатот бидејќи можете да видите колку и на каков начин возачот се бори со својот моторцикл. За жал тоа не се случува во Формула 1, туку се случува спротивното. Болидите се полесни за возење, дури не ни проклизуваат“, рекол Лауда.

Легендарниот Австриец последните неколку години е еден од челниците на Мерцедес екипа која доминира во првенството на Формула 1. Но и покрај доминацијата на Мерцедес, Лауда, ги поддржува најавените технички промени во Формула 1 кои ќе започнат да се применуваат од 2017 година.

Големиот број на технички промени ќе продонесат болидите да станат побрзи што гарантира повеќе возбудувања на патеките.

Годинешниот шампионат во Формула 1 ќе продолжи во викендот кој е пред нас со трката за Големата награда на Белгија на патеката „Спа Франкошамп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП