14 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРесторани во деловната класа на Lufthansa

Ресторани во деловната класа на Lufthansa

lufthaza nana00000

Германската воздухопловна компанија „Lufthansa“ ја унапреди својата класа за деловните луѓе, така што на многубројните прекуокеански летови сега има ресторанска услуга во која патниците ги послужуваат лични стјуарди и стјуардеси.

Во понудата се вклучени авионите од типот „А380“ на летовите од Франкфурт кон Њујорк, Лос Анџелес, Мајами, Хјустон, Сан Франциско, Њу Делхи, Пекинг, Шангај, Сингапур, Сеул и Јоханесбург, и секако во обратна насока.

Од 1-ви октомври годинава понудата ќе биде проширена и на авионите „Boeing 747“ на летовите од Франкфурт, а од 25-ти октомври и на воздухопловите „A340“ од Франкфурт и до Минхен кон Азија и Блискиот исток.

Новата услуга веќе била тестирана во деловната класа на 130 летови.

Станува збор за одговор на компанијата „Lufthansа“ на сличните услуги на арапските компании, како „Fly Emirates“ и „Etihad“. Целта на германската компанија е да стане првиот авиопревозник со „пет ѕвездички“ во Европа или Северна Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП