Трите најголеми купувања на компанијата на Бафет, „Berkshire Hathaway’s“, изнесуваат близу 90 милијарди долари.
Легендарниот инвеститор објави дека ќе ја купи „Precision Castparts“ за сума од 37,2 милијарди долари. Цената сепак е малку пониска – 32,5 милијарди долари, доколку од вкупниот износ бидат извадени долговите. „Precision Castparts“ е основана во 1949-та година во Портланд, Орегон, а произведува челични делови за воената индустрија и вселенскиот сектор, вклучувајќи за компанијата „Boeing“, а исто така обезбедува опрема за електроцентрали, терминали за нафта и гас.
Втората најголема зделка на Бафет е купувањето на „Burlington Northern Santa Fe“. Железничката компанија беше купена за сума од 27 милијарди долари.
За 28 милијарди долари, од кои 12 милијарди долари учество од Бафет, пак во 2013-та година беше купена „HJ Heinz Company“, производителот на познатата марка на кечап.