10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПржената храна ги зголемува шансите за инфаркт за 56 проценти

Пржената храна ги зголемува шансите за инфаркт за 56 проценти

przena_hrana

Луѓето кои јадат големи количини пржена храна и пијат засладени пијалоци имаат за 56 проценти поголеми шанси да добијат инфаркт во однос на оние кои избираат здрава храна.

Истражувањето го спроведоа американските научници, а во него учествуваа повеќе од 17.000 лица меѓу кои белци и афроамериканци, кои немале никакви проблеми со срцето пред истражувањето.

Меѓутоа, во текот на шестгодишното истражување е утврдено дека оние кои јадат пржена храна,  пржени јајца, месни преработки, сланина, шунка, пржени компири и пијат засладени пијалоци се во многу поголема опасност од оние кои јадат здрава храна, нивниот ризик е поголем за дури 56 проценти.

„Без оглед на полот, расата или местото на живеење, ако често јадете пржена храна, вие сте во поголема опасност од развој на болести на срцето, па затоа е потребно да воведете постепени промени во исхраната“, вели научникот, нутриционист и епидемиолог Џејмс Шикани. „Обидете се да го намалите бројот на пржените оброци и количината на месните преработки на три дена неделно. Наместо нив јадете пилешко месо и зеленчук“, советува Шикани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП