2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВорен Бафет советува како до успехот

Ворен Бафет советува како до успехот

Warren-Buffet-635x330

Ако некој знае нешто за тоа како да заработите тогаш тоа со сигурност е Ворен Бафет. Ова се некои од советите кои најуспешниот инвеститор во светот ги сподели со дипломците. Но, нормално тие не важат само за младите луѓе на почетокот на кариерата, туку за секој кој сака да оствари успех.

1. Инвестирајте во себе пред да направите било што друго

Работете на себе, градете таленти, усовршувајте се. Секогаш постои нова вештина која морате да ја совладате.

2. Променете ги лошите навики

Луѓето се често автодеструктивни. Обидете се да ја избегнете таквата состојба на умот. Колку ќе бидете успешни во тоа толку ќе бидете успешни и во деловниот план.

3. Знајте ги вашите предности

Уновчете ги вашите вештини. Избегнувајте ги подрачјата за кои знаете дека ви се проблематични. Бидете свесни за својот лимит и држете се до она што го знаете.

4. Никогаш не ризикувајте нешто што ви е потребно за нешто што не ви е

Тоа не значи дека не треба да ризикувате. Но никогаш не треба да влегувате во ризик во трката по пари. Бидете водени од вашите цели и притоа забавувајте се.

5. Најдете работа која ја сакате

Работете ја онаа работа која би ја работеле и кога би биле финансиски сигурни. Секој ден ќе ви биде возбудлив, секогаш ќе имате волја да научите нешто ново.

6. Соочете се со вашите стравови

Нека не ве запира стравот. Особено не ако тој страв ве запира да го правите она што е потребно за успех. Бафет се плашел да зборува пред голем аудиториум. Денес тој е еден од најелоквентните говорници во деловниот свет, а и пошироко.

7. Време

Вашето време е најскапоцената работа која ја имате. Трошете го мудро. Избегнувајте ги непотребните состаноци и разговори.

8. Никогаш не ја игнорирајте добрата прилика

Кога ќе ви се укаже голема прилика зграбете ја цврсто со двете раце и не ја испуштајте по никоја цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП