4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBerkshire Hathaway за 32 милијарди долари го купува Precision Castparts

Berkshire Hathaway за 32 милијарди долари го купува Precision Castparts

berkshire-pcc-620x

Компанијата Berkshire Hathaway на инвеститорот Ворен Бафет за 32 милијарди долари го купува производителот на индустриска опрема Precision Castparts Corp.

Со најавата за договор завршија повеќенеделните шпекулации за намерите на легендарниот инвеститор да го купи производителот на делови за вселенски летала, електрани, одбранбена индустрија и други индустриски сектори.

Berkshire ќе плати по 235 долари во готово по акција во оптек, а целиот договор вклучувајќи ги и долговите, вреди 37,2 милијарди долари.

Berkshire Hathaway е познат по големи транскации, меѓу кои и купувањето на уделот во Kraft Heinz, Coca-cola ABM, Wells Fargo и други.

Дејностата на оваа компанија опфаќа и осигурување, железница, услуги, облека, мебел, накит, компании за обука на пилоти…

Precision Castparts има големи зделки со енергетскиот сектор и сега е погоден од ниските цени на нафтата.

Бафет за телевизијата CNBC потврди дека ја купил наведената компанија, истакнувајќи дека знае оти цените на енергенсите се во неколкугодишен пад.

„Ќе бидеме во оваа дејност 100 години, така што нема некоја разлика што ќе биде со нафтата и гасот во следната година“, рече Бафет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП