ЗДРАВЈЕ

Напиток од лук за прочистување на крвта

luk-i-vino

Овој напиток го зајакнува организмот, ја чисти крвта, се бори против вирусите и го зајакнува имунитетот.

Лековитиот напиток од лук го забрзува метаболизмот и го елиминира вишокот масти од организмот. Покрај тоа, го отстранува вишокот соли и позитивно влијае на нашето општо здравје.

А тоа што е најважно е дека многу лесно се подготвува.

Потребно ви е:

12 чешниња лук

½ л црвено вино

Подготовка:

1. Исецкајте ги исчистените чешниња лук на четвртинки и ставете ги во тегла.

2. Додадете половина литар вино

3. Затворете ја теглата и држете ја на сончево место околу две недели

4. Неколку пати во текот на тие две недели протресете ја теглата.

5. По две недели, процедете ја содржината на теглата и течноста ставете ја во стаклено шише.

Земајте по една кафена лажица од напитокот барем три пати во денот околу еден месец. До наредниот третман направете пауза од шест месеци.