30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропските полнилници на Coca-Colа се спојуваат во една компанија

Европските полнилници на Coca-Colа се спојуваат во една компанија

coca cola 3003

Три европски полнилници на американската компанија „Coca-Colа“ договориле спојување поради намалувањето на трошоците, во услови на сé помала потрошувачка на газираните пијалаци, соопштија од компанијата.

Така Coca-Cola Enterprises (CCE) ќе се спои со германската филијала CCEAG и со Coca-Cola Iberian Partners (CCIP). Компанијата ќе се вика Coca-Cola European Partners (CCEP), а годишно ќе генерира околу 12,6 милијарди долари приходи. Се очекува дека со спојувањето трошоците ќе се намалат за 375 милиони долари во рок од три години.

Договорот е структуиран како т.н. даночна инверзија, па CCE ќе го пресели своето седиште од Атланта во Лондон, и така ќе ја намали изложеноста на повисоките американски даноци.

„Тоа претставува голем чекор и голема трансакција, од којашто полза ќе имаат сите вклучени“, изјави извршниот директор на Coca-Cola, Мутар Кент.

Акционерите на CEE ќе поседуваат 48 отсто од новата компанија, додека CCIP ќе има 34 проценти а Coca-Cola Co. 18 отсто.

Овој најголем светски производител на безалкохолни пијалаци, исто така, ја намали големината на своите шишиња во кој го полни најпознатиот пијалак, бидејќи потрошувачите помалку трошат газирани пијалаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП