18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТајна за атрактивно CV

Тајна за атрактивно CV

cv-660x330

Само што завршивте факултет и сега го изработувате вашето прво CV. Сега сакате тоа да биде што подобрo. Еве некои совети кои ќе го направат поатрактивно за потенцијалниот работодавец.

– Биографиите не би требало да бидат предолги. Две страни од А4 лист би требало да бидат доволни за некој кој штотуку завршил факултет – тврди деловниот советник Каролин Торли. Работодавците секој ден прегледуваат голем број на CV, и по правило на секое му посветуваат неколку минути од своето време. Сликите исто така не се пожелни, тоа место искористете го да напишете дополнителни причини зошто работодавецот би требало токму вас да ве повика на разговор за работа, велат експертите.

Во некои компании ќе бидете ценети доколку направите онлајн или видео биографија. Исто така, доброто разбирање на социјалните мрежи може да ви биде од голема помош како во пронаоѓањето, така и во добивањето на работа. На тој начин студентите создаваат свој бренд, а тоа е она што се бара денес.

Доколку создадат свој бренд и се поврзат со луѓето од деловниот свет, студентите не треба да чекаат да завршат факултет. Секако, што порано го направат тоа толку подобро за нив.

– Обидете се да создадете контакт со луѓето кои се занимаваат со работата која ве интересира. Запрашајте ги како ја добиле таа работа, запрашајте ги со кого треба да контактирате за и вие да ја добиете таа прилика. Повеќето луѓе ќе бидат среќни што се интересирате за нивната работа, па ќе сакаат да ви помогнат – вели авторот на деловниот водич Џон Грегори.

Ако вашето претходно работно место е различно од секторот во кој моментално барате работа, нека не ве обесхрабрува тоа. Многу индустрии денес се поврзани. Можби токму вашата разновидност ќе биде побарана. Исто така, немојте да заборавите да напоменете некое волонтерско искуство, нормално, доколку сте го имале.

-Нека вашето CV раскаже приказна за вас. Не пишувајте дека го обожувате ова или она. Нека се види тоа од вашата биографија. Важни се вашите акции, а не зборовите – заклучува Грегори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП