8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo ги дуплираше приходите

Intesa Sanpaolo ги дуплираше приходите

intesa11

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ во вториот квартал од оваа година оствари двојно поголем приход отколку во истиот период минатата година.

Тој резултат е последица на зголемувањето во надокнадите и провизијата, како и подобрувањето на кредитниот пазар.

Втората најголема италијанска банка според имотот соопшти дека вкупниот приход од април до јуни изнесувал две милијарди евра, во однос на 720 милиони евра во истиот период минатата година и дека профитот ги надминал целите.

Приходите од надокнадите и провизијата се зголемени за 15 проценти на 1,9 милијарди евра што е најмногу за еден полугодишен период од создавањето на банката во 2007 година. Профитот од камати е намален за шест проценти на 1,9 милијарди евра.

„Intesa Sanpaolo“ забележала подобрување на ситуацијата со кредитите, со намалување на провизијата за лошите кредити, додека заемите кон семејствата и компаниите се зголемени за 41 процент во првата половина од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП