9 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата Триглав го задржа одличниот кредитен рејтинг

Групацијата Триглав го задржа одличниот кредитен рејтинг

triglav (1)222

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s Ratings Services на редовната годишна ревизија во јули 2015 година им ја потврди оценката за долгорочен кредитен рејтинг А- (одличен) и кредитниот рејтинг на финансиска моќ А- (одличен) на Заваровалница Триглав и на нејзината фирма ќерка Позаваровалница Триглав Ре, а со тоа и на Групацијата Триглав. Агенцијата ја подобри среднорочната прогноза за двете друштва од “стабилна” на “позитивна”.

Последната оценка на S&P за високиот кредитен рејтинг е потврда за водечката позиција на Групацијата Триглав на пазарите во Словенија и во регионот Адрија, моќниот и препознатлив бренд и добро развиената продажна мрежа.

Дополнително, кредитниот рејтинг ги зема предвид високата профитабилност на работењето на Групацијата Триглав, солидната адекватност на капиталот и високиот степен на ликвидност.

Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s Ratings Services проценува дека подобрувањето на економската ситуација во Словенија ќе влијае на словенечкиот пазар за осигурување, особено во доменот на здравствените и пензиските осигурувања. Врз основа на водечката положба на пазарот, добрите деловни прогнози, квалитетот на постоечкото портфолио, како и стабилното управување со ризици, агенцијата на Групацијата Триглав и определи позитивна среднорочна прогноза.

Позитивната среднорочна прогноза ја изразува и веројатноста дека бонитетната агенција во следните две години ќе го подобри кредитниот рејтинг на Групацијата Триглав, доколку биде забележан дополнителен напредок на словенечкиот пазар на осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар