5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛазаров и Евроинс го започнаа проектот „Одлични 7“

Лазаров и Евроинс го започнаа проектот „Одлични 7“

evroins kire

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров стана бренд амбасадор на осигурителната компанија „Евроинс“. Најдобриот македонски играч и „Евроинс“ потпишаа тригодишен договор за меѓусебна соработка.

Првиот заеднички проект кој ќе го реализираат Лазаров и „Евроинс“ е наречен „Одличните 7“ којшто ќе биде насочен кон младите таленти. Имено, преку проектот ќе бидат одбрани седум талентирани домашни ракометари кои од компанијата „Евроинс“ ќе добијат целосна поддршка за усовршување и развој, но проектот вклучува и стипендии, едукација, менторство…

„Успешно организираниот ракометен камп ‘Кирил Лазаров 7’ со оваа соработка добива свое продолжение. Заедно со ‘Евроинс’ ќе се впуштиме во потрага по најталентираните македонски ракометари. Ќе се обидеме со заедничка поддршка да им овозможиме да се развијат во врвни спортисти и да станат македонски репрезентативци“, рече меѓудругото на прес конференцијата на која беше официјализирана соработката со „Евроинс“, Кирил Лазаров.

„Откако, пред два месеца во Охрид успешно го реализиравме ракометниот камп, решивме да ја продолжиме соработката со Кирил Лазаров, бидејќи ги препознавме вистинските вредности коишто тој ги носи. Поради тоа, ‘Евроинс’ се реши да склучи тригодишна соработка со најдобрата светска седумка“, рече извршниот директор на „Евроинс“, Ралица Губерова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП