11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворена реновирана Телеком продавница во Струмица

Отворена реновирана Телеком продавница во Струмица

Imagefdfdfd

Македонски Телеком во среда ја пушти во употреба реновираната продавница во Струмица.

По повод отворањето, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со која секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од 60 отсто. Дополнително, како изненадување, првите 100 посетители добија подароци.

Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата во Струмица која има сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот. При тоа, продавницата нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците.

По реновирањето, Телеком продавницата во Струмица овозможува одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком. Станува збор за сосема ново уникатно мултимедијално доживување, преку кое корисниците во реновираните Телеком продавници лесно ќе го најдат она што им одговара најмногу, согласно потребите и можностите, се вели во сооштението.

Македонски Телеком најави дека петок на 31 јули, ќе биде отворена и реновираната Телеком продавница во населбата Карпош во Скопје.

Наскоро се очекува да бидат пуштени во употреба уште неколку реновирани Телеком продавници. Со преуредувањето, освен што естетски ќе се обезбеди нов изглед, интерактивниот концепт на продавниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП