Колку и да се вкусни нездравите намирници, постои уште повкусна и поздрава алтернатива – и тоа во вид на храна која ќе му направи услуга на вашето тело.
Пченка
Пченката е богата со јаглени хидрати , протеини, витамини и други минерали. Може да ја варите, пеете и користите во супи, салати, сендвичи.
Свеж сок
Наместо засладените и газирани пијалоци консумирајте свежо цеден сок од овошје или зеленчук. Таквите сокови прават чудо за вашето варење и кожата.
Интегрален леб
Интегралниот леб содржи многу малку калории, а покрај него можете да јадете и интегрални кекси и сл.
Ориз
Оризот можете лесно да го подготвите со вашиот омилен зеленчук со додаток на зачини, а тоа секако е поздрава солуција од брзата храна.
Супи и чорби
Супите и чорбите од зеленчук, многу малку посолени и со додаток на бибер и неколку капки лимон се идеален оброк богат со хранливи материи.