20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Љубојна на Крушево - етно град

Концерт на Љубојна на Крушево – етно град

krusevo etno3

Во рамки на манифестацијата „Крушево Етно-град“ за денес предвидени се три настани.

На пладне свечено ќе се отвори изложбата на филигран од срма на Флора Педрони, во 18 часот во „Влашката соба“ премиерно ќе се прикаже филмот „Животот на Исус Христос“ синхронизиран на влашки јазик, а во 20 часот на Градскиот плоштад ќе започне концертот на етно групата „Љубојна“.

Во недела на пладне се одржа саем каде крушевските домаќинки се претставија со дел од своите специјалитети. Саемот се одржа под мотото: „Домашно е, од Крушево е…“, а го организираше организацијата Finance Think.

Посетителите имаа несекојдневна можност да уживаат во вкусот на домашните тестенини, еколошките џемови, сирупи, природни чаеви, а љубителите на кулинарството добија прилика да ги испробаат своите вештини во подготовката на крушевска пита.

Вечерните часови беа резервирани за промоција на проектот „Денови на влашката култура“, кој го реализира Општина Крушево, а е составен дел од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Промоција на човечките права и заштита на малцинските заедници во Југоисточна Европа“.

По тој повод посетителите бесплатно ги добија првите примероци од брошурата која е дел од проектот „Влашка култура и традиција“, а е издадена на три јазици: македонски, влашки и англиски. Настанот се збогати со драматизации на традиционални крушевски обичаи, а како што е обичај во „Етно-градот“ вечерта заврши со песна и големо оро на Градскиот плоштад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП