26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG се обложува на флексибилните дисплеи за смартфони и автомобили

LG се обложува на флексибилните дисплеи за смартфони и автомобили

lg flex ekrani 33

„LG“ очекува интересот за флексибилните екрани да продолжи да расте и тие постепено да не бидат дел само од смартфоните, но и кај автомобилите. Компанијата дури планира да инвестира малку над 900 милиони долари во нова фабрика за такви дисплеи, објави корејската новинска агенција „Yonhap“.

Фабриката ќе се наоѓа во Јужна Кореја и треба да е подготвена во вториот квартал на 2017-та година. Флексибилните „OLED“ екрани ќе им се допаднат на производителите на мобилни уреди и паметните додатоци, бидејќи ќе им овозможи да се создаде повеќе привлечен дизајн на моделите.

Истото важи и за автомобилските производители кои нема да мораат да се посветат на правоаголните рамни простори за екраните на инструментите, како што е сега.

„LG“ ќе ги насочи своите напори во сегментот главно кон дисплеите со мали и средни големини. Флексибилните телевизори во моментов не се радуваат на особен интерес и компанијата дури очекува пад на нарачките за овие уреди. Новата фабрика ќе и овозможи на „LG“ да произведува четири пати повеќе флексибилни екрани во однос на сегашниот капацитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП