19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFinancial Times продаден на јапонската групација Nikkei

Financial Times продаден на јапонската групација Nikkei

finan

Британскиот издавач Pearson објави во четврток дека го продава Financial Times на јапонската групација Nikkei, оценувајќи дека таа е способна да му помогне на угледниот економски дневен весник да се фати во костец со технолошките промени во медиумите.

Pearson објави во соопштението дека главнината од групацијата FT – дневниот весник, неговото електронско издание и разните сервиси, ги продал на јапонскиот медиумски џин за 1,2 милијарди евра.

„Во ова ново опкружување, најдобар пат FT да го осигура својот медиумски и бизнис успех е да биде член на светска дигитална информатичка компанија“, рече Џон Фалон, главен директор на Pearson.

Според податоците што Pearson ги објави во четврток, британскиот весник кој излегува повеќе од 100 години, има тираж од 737.000 примероци на ден, сметајќи го печатеното и интернет изданието со претплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП