23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИHuawei станува сериозен конкурент на Samsung и Apple

Huawei станува сериозен конкурент на Samsung и Apple

hu tehnologies

Кинескиот технолошки гигант Huawei бележи голем раст на продажбата на своите уреди, која во првата половина од годината се зголемила за 39 отсто.

Четвртиот по големина светски производител на паметни телефони објави раст на приходите од 30 отсто.

Од Huawei велат дека во првата половина од годината во продавниците ширум светот биле испратени 48,2 милиони уреди, пишува BBC.

Компанијата се натпреварува со Apple и Xiaomi за топ место во Кина најголемиот пазар за паметни мобилни телефони на светот.

Скокот во продажбата стигна откако компанијата го отфрли својот имиџ на евтин производител и вклучи премиум модели за да ги предизвика Samsung и Apple на пазарот на луксузни телефони.

Huawei тврди дека по промената на имиџот нарачките скокнале за 70 отсто.

Покрај производството на паметни телефони, компанијата со седиште во Шензен е една од најголемите светски телекомуникациски компании, која се натпреварува со шведски Ericsson.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП