19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFedEx купува 50 товарни авиони од Boeing за 10 милијарди долари

FedEx купува 50 товарни авиони од Boeing за 10 милијарди долари

FedExRamp_560-thumb-560x310

„FedEx Corp“, најголемата компанија за превоз на товар во светот, има постигнато договор за купување на 50 товарни авиони „Boeing 767-300“, обезбедувајќи ја најголемата нарачка на моделот во историјата. Договорот ќе му овозможи на производителот на авиони да ја прошири својата производна линија и во следната деценија, пишува „Ројтерс“.

Зделката, прогласена во соопштението од „FedEx“, вклучува опција за купување на уште 50 парчиња од моделот „767Fs“ и е во вредност од 9,97 милијарди долари по каталошки цени. При вакви големи договори клиентите обично добиваат попусти кои сепак не се објавуваат јавно.

Од „FedEx“ посочија дека авионите ќе бидат доставени од „Boeing“ за единицата „FedEx Express“ во периодот 2018-2023-та година. Последната зделка ја зголеми нарачката на „FedEx“ за моделот „767F“ до вкупно 106.

„Купувањето на дополнителни авиони „767F“ … ќе ни овозможи да ги намалиме структурните трошоци, да ја подобриме нашата ефикасноста на горивото и да ја зголемиме сигурноста на нашата глобална мрежа“, изјави Дејвид Бронзек, претседател и извршен директор на „FedEx Express“.

Слабата побарувачка, прекумерна продуктивност и конкуренцијата од страна на пратки преку патнички авиони ги намали приходите на компанијата и доведе до намалување на потребата од специјализирани товарни авиони.

„Boeing“ сепак прогнозира дека глобалниот воздушен превоз се уште ќе продолжи да расте со годишна стапка од 4,7%.

На 31-ви мај „FedEx“ располагаше со флота од 641 товарни авиони според податоците на веб-страницата на компанијата. Во прилог на нарачките за „767F“, таа исто така се обврза да купи во иднина и 18 товарни авиони од моделот „777“ на „Boeing“.

„Ние ја цениме довербата што „FedEx“ ја покажа кон „767““, изјави портпаролот на „Boeing“ во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП