21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОставка на директорот на Toshiba поради малверзации

Оставка на директорот на Toshiba поради малверзации

hisao-tanaka

Извршниот директор на Toshiba Хисао Танака денеска поднесе оставка, откако е откриена негова вмешаност во сметководствен скандал и „пумпање“ на бројки за профит во изминатите шест години.

Танаку (64) на функција извршен директор привремено ќе го замени неговиот заменик Масаши Муромачи, додека потпретседателот на компанијата Норио Сасаки (66) исто така ќе се повлече од својата функција, јави BBC.

Независна комисија, ангажирана на барање на Toshiba соопшти дека компанијата прикажала поголем профит од работењето од реалниот за 151,8 милијарди јени (1,22 милијарди долари) и дека праксата на „пумпање„ на цифри е покрената по финансиската криза која изби пред седум години, по што менаџерите започнаа да поставуваат нереални цели на заработка.

Танака и Сасаки на почетокот на седумдесеттите години започнале да работат за Toshiba.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП