Германскиот производител на софтвер SAP остварил во изминатото тримесечје приходи од 4,97 милијарди евра, односно 20 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, благодарејќи во прв ред на нискиот курс на еврото.
Исклучувајќи ги курсните разлики, приходите на најголемиот европски производител на софтвер пораснале за 8 отсто на годишно ниво, се наведува во деловниот извештај на SAP објавен денес.
Оперативната добивка, исклучувајќи ги еднократните ставки, достигнала 1,39 милијарди евра, што е за 13 отсто повеќе отколку во истиот минатогодишен квартал. Меѓутоа, доколку се исклучат курсните разлики, оперативната добивка на SAP пораснала само 1 отсто.
Нето добивката на компанијата, пак, паднала за 15 отсто, на 471 милиони евра, најмногу поради трошоците за преземања и реструктуирање.
Притоа оперативната маржа се лизнала од ланските 29,8 на 28 отсто, што е последица на зголемените инвестициите во новите „клауд“ софтверските услуги, од кои приходите, на основа на претплатата, ќе дојдат подоцна.
Германски SAP води жестока со американските конкуренти, Microsoft, IBM и Oracle, во продажбата на софтвер на интернет, сé популарните улсуги меѓу големите компании, коишто, наместо да купуваат сопствена, се потпираат на веќе вмрежената технолошка опрема и софтвер,
Приходите на SAP од „облачестата“ претплатат и поддршка достигнале во изминатиот квартал 555 милиони евра, додека во истиот период од минатата 2014 година изнесувале 242 милиони евра.
Приходите од софтверските лиценци, главната дејноста на SAP, пораснале, пак, во вториот квартал од 2015 година за 13 отсто, на 3,5 милијарди евра, Меѓутоа, кога ќе се исклучат курсните разлики, тие приходи пораснале за 3 отсто.
Нискиот курс на еврото им оди во прилог на многу европски компании кои извезуваат, бидејќи на тој начин им растат приходите од странските пазари која ќе се пресметаат во евра. Курсот на еврото, на пример, во однос на американскиот долар во изминатите дванаесет месеци падна за повеќе од 15 отсто./