8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays ќе затвори над 30.000 работни места за две години

Barclays ќе затвори над 30.000 работни места за две години

barclays_35

Британската банка „Barclays“ планира да затвори над 30.000 работни места во рок од две години откако минатиот месец го отпушти својот главен извршен директор Ентони Џенкинс, информира „The Times“.

Програмата за штедење, која може да го намали бројот на вработените на банката до под 100.000 до крајот на 2017-та година, се смета за единствен начин за справување со лошите резултати на финансиска институција и удвојување на цената на акциите.

Кратењата најверојатно ќе влијаат на вработените на банката на средно ниво и во „бекофисот“, каде што ќе бидат направени најголемите заштеди, според весникот.

Потенцијалниот кандидат кој ќе го наследи Џенкис на највисоката функција, се очекува да затвора работни места многу побрзо и во многу поголем обем од отпуштањата на поранешен шеф. Во средината на овој месец заменик-претседателот на „Barclays“, Мајкл Гребло се приклучи на компанијата за финансиски порамнувања „Worldpay“, како нејзиниот нов претседател.

Од „Barclays“ засега не ги коментираат информациите за претстојните отпуштања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП