17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows 10 ќе добива надградби во наредните 10 години

Windows 10 ќе добива надградби во наредните 10 години

desetka 3003

Оперативниот систем „Windows 10“ ќе добива надградби и корекции во својата безбедност до 2025-та година, најави „Microsoft“. „Patch“-овите ќе се бесплатни за сите корисници кои имаат легална копија на оперативниот систем.

Под услов, „Windows 10“ ќе биде бесплатен за носителите на оригинални копии на „Windows 7“ или „Windows 8.1“, тоа значи доста долго време на потполно бесплатна поддршка за крајните корисници. Корпоративните клиенти ќе можат да плаќаат годишна претплата за проширена поддршка.

Одлуката следува од стратегијата на „Microsoft“ да стане оперативен систем во службите. Надградувњата ќе се шират од страна на „Microsoft“, веднаш кога ќе бидат подготвени, без да се чекаат конкретни датуми. Компанијата ќе се потпира и на собирање на повеќе информации за состојбата на платформата. Тоа ќе овозможи побрзо откривање на проблемите и побрзо ширење на надградби.

Желбата на „Microsoft“ е да убеди што е можно поголем број на корисници да го искористат бесплатното ажурирање до „Windows 10“, кое ќе важи во рок од една година по пуштањето на платформата. Амбицијата на софтверскиот гигант е да успее да се пофали со над 1 милијарда уреди кои го користат овој оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП