20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на нови автомобили во Европа

Намалена продажбата на нови автомобили во Европа

newcars

Продажбата на автомобили во Европа е намалена во февруари за 10,5 отсто на годишно ниво – под 800 илјади возила, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили.

Британија е единствена држава која регистрира раст на продажбата и во која регистрацијата на нови возила е зголемена за 7,9 отсто, додека пад има во Германија, Франција, Италија и Шпанија.

Речиси сите автомобилски компании во февруари имале ниска продажба, освен азиските како Хјундаи, Мазда и Хонда.

Европската продажба на автомобили во 2012 година регистрирала најниско ниво за изминатите 15 години со обем од само 12,05 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП