13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелеком со попусти на отворањето на реновираната продавница на Бит-пазар

Телеком со попусти на отворањето на реновираната продавница на Бит-пазар

telekom 330

Македонски Телеком во понеделник на 20-ти јули, со почеток во 10 часот, ќе ја пушти во употреба реновираната продавница на Бит-пазар во Скопје, а на денот на отворањето ќе има попуст од 60 отсто на таблети Леново и Самсунг.

Со реновирањето, во целост е променет изгледот на Телеком продавницата која отсега ќе има сосем нов современ дизајн и овозможува мултимедијално искуство за корисниците.

За денот на отворањето на реновираната продавница на Бит-пазар, компанијата подготви изненадувања за корисниците. Првите 100 посетители ќе добијат подароци.

Дополнително, Македонски Телеком подготви одлична промотивна понуда со којашто секој корисник кој тој ден ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор, има можност да купи таблет од брендот Леново и Самсунг со попуст од неверојатни 60 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП