17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол промовираше ново гориво Ultra LPG plus

Макпетрол промовираше ново гориво Ultra LPG plus

makpetrol

Компанијата за дистрибуција и промет со нафтени деривати Макпетрол АД Скопје во вторникот го презентираше новото ребредирано и подобрено гориво, Ultra LPG plus.

Макпетрол АД Скопје во палетата на горива Ултра, покрај горивата Ultra Diesel Power Jet, Ultra Diesel Bio Jet, Ultra 100 Race Pro, Ultra 95+ economy, воведува и ново Ultra LPG plus гориво специјално прилагодено за користење во возилата.

„Во денешно време многу корисници се ориентираат да возат на плин како алтернативно гориво во обид да ги намалат своите месечни трошоци. Но, доколку квалитетот на авто плинот не е со највисоки стандарди, во него може да има состојки кои се штетни за моторот“, велат од компанијата .

Новото Ultra LPG plus гориво на Макпетрол овозможува намалување на ефектот на рано палење на горивната смеса и зголемување на моќноста на моторот, отстранување на остатоците и наслојките во системот за вбризгување со што се овозможува подобро распрскување и согорување на горивото што доведува до зголемена ефикасност на моторот, економична потрошувачка и намалени емисии на издувни гасови.

Воедно штити од корозија со отстранување на водата и другите нечистотии, со што се обезбедува поголема заштита на системот за гориво.

Исто така овозможува подобар старт на топло и студено време, со истовремена заштеда на гориво, обезбедува подобра мазивност на системот за довод и согорување на горивото и ги отстранува сите проблеми поврзани со присуството на пропилен и други незаситени јагленоводороди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП