17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays размислува да купи банка

Barclays размислува да купи банка

bar 3

„Barclays“ размислува да купи банка, што би било најдиректен пат за да се здобие со дополнителена лиценца, која од британскиот банкарски сектор е потребна за да се раздели со поделбата за банкарство на мало. Тоа треба да се случи поради новите правила, кои ги принудуваат британските кредитни институции да се поделат на две, пишува „Financial Times“.

Планот нагласува поголемите предизвици со кои се соочува „Barclays“ во споредба со оние кои се соочуваат со конкурентите при спроведувањето на законодавството во врска со одвојувањето на одредена компанија од компанијата „мајка“ која подлежи на прописи и се тргува јавно, и претворање во нејзиниот нерегулиран бизнис (т. нар. ringfencing law). Во конкретниот случај – големите банки мора да ги одвојат единиците за банкарство на мало од другите свои активности, каква што е инвестициското банкарство, до 2019-та година.

Минатата недела новиот претседател и вршител на должноста извршен директор на банката Џон Макфарлен им рече на директорите кои работат на промените, или да се здобијат со компанија која има банкарска лиценца, или да аплицираат за нова. „Barclays“ е единствената банка која има потреба од дополнителна лиценца за поделба што ќе оддели во нова банка.

Друга причина поради која „Barclays“ е загрижена во споредба со конкурентите за усогласеноста со законодавството, е прашањето како да се финансира најголема инвестициска банка, која посебно ќе биде финансирана од депозитите на клиентите во одделни банка, со фокус на банкарството на мало.

За да се намали ризикот за инвестициската банка, „Barclays“ има намера да вклучи и уште некои операции во таа единица, вклучувајќи ја дивизијата за кредитни картички „Barclaycard“, африканскаа единица и голем дел од корпоративното банкарство.

Други банки пак планираат да пристапат токму спротивното, така што ќе се вклучат што повеќе операции во новата единица. На пример, „HSBC“ смета да ја пресели својата нова банка во Бирмингем, да ја преименува во „Midland“ и да ја реструктуира. „Lloyds Banking Group“ и „Royal Bank of Scotland“ планираат да имаат 97% и 80% од своето работење, односно во новите банки, кои ќе се одделат од инвестициските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП