3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка: Прва институција која ќе вози електронски автомобили во Македонија

ПроКредит Банка: Прва институција која ќе вози електронски автомобили во Македонија

pro eup1

Пет електрични автомобили од марката ,,Фолксваген,, модел Е-АП што значи ,,Комплетно електрично” кои не ја загадуваат животната средина пристигаат во Скопје во текот на месец Јули за потребите на ПроКредит Банка.

Одлуката за воведување на електрични возила се дел од големата регионална иницијатива за здрава средина на ПроКредит Банките во Југоисточна Европа, во рамките на која беа набавени вкупно 50 возила на електрично полнење. Во текот на месец Април и Мај бесплатно беа поделени и ½ милион платнени торбички, а воедно и беше спроведена голема кампања за едукација на граѓаните против употреба на пластика.

Емилија Спировска, Член на Управниот Одбор на ПроКредит Банка, Македонија изјави:

pro eup2

,,Комплетно сме посветени на здрава и чиста околина и сме во чекор со современите трендови во технологијата. Ќе стигнеме до клиентите брзо и ефикасно, и без употреба на гориво. Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната Управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова Управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели.

Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. ПроКредит Банка има воспоставено високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата.

„Имаме висока еколошка свест – ветување за сегашните и идни генерации, свест на која инсистираме и кај вработените и кај клиентите”, додаде Спировска.

pro eup

ПроКредит Банка од 2003-та година до сега е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина.

,,Социјалната одговорност на ПроКредит Банка не се концентрира само на една акција годишно, туку е култура внатре и надвор. Воспоставивме високи внатрешни стандарди и посебен сектор во банката за енергетска ефикасност и заштита на природата. Имаме висока еколошка свест – ветување за сегашните и идни генерации, свест на која инсистираме и кај вработените и кај клиентите.”

ПроКредит Банка е една од најактивните институции во Македонија во областа на заштита на животната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП