20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft продолжува да скратува работни места

Microsoft продолжува да скратува работни места

kat mik 333

„Microsoft“ планира да започне со нов круг на отпуштања со цел да ги намали дополнително трошоците, пишува „Reuters“.

Отпуштањата се во прилог на сите 18.000 работни места, за кои компанијата откри пред година дека планира да ги затвори, посочува агенцијата, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Се очекува оваа одлука да влијае на вработените во хардверската поделба на компанијата, вклучувајќи ги и оние од делот за производство на паметни телефони, што „Microsoft“ го стекна од „Nokia“ во текот на минатата година, пишува „Reuters“.

Неодамна стана јасно дека „Microsoft“ ќе го пренесе својот бизнис со дисплејната реклама на „AOL“, како дел од нејзината картографска технологија ќе биде продадена на „Uber“.

Одлуките на компанијата се диктирани од потребата да се намалат загубите кои ги генерираат од својот онлајн бизнис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП