27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе и екипажот неповредени во сообраќајката во Србија

Иџе и екипажот неповредени во сообраќајката во Србија

idze prikolka

Европскиот првак ридско-брзинска конкуренција, автомобилистот Игор Стефановски-Иџе, на враќање од Италија со својот екипаж доживеале сообраќајна несреќа во Србија.

За среќа Стефановски и неговиот екипаж минале без повреди, настрадале само приколката и автомобилот на Иџе.

„На враќање од трката во Италија, Иџе и неговата екипа имале несреќен случај при што куката од комбето се скршила и приколката заедно со „Мицубишито“ излетале од патот и удриле во банкина. Приколката била речиси неупотреблива, а и колата била доста искршена. Екипата за среќа е добро, освен претрпениот стрес. Инаку среќа во несреќа е што во моментот на несреќата немало возила на лентата за претекнување, па така избегната е поголема несреќа”, стои во соопштението кое е објавено на фан-страната на Стефановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП