2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo и Google склучија нов договор за пребарување

Yahoo и Google склучија нов договор за пребарување

google-yahoo333

Во 2008-ма година Министерството за правда во САД му забрани на „Yahoo“ да склучи договор со „Google“, кој ќе обезбеди можност за прикажување на рекламите од „Yahoo“ при пребарување на „Google“.

Сега двете компании создаваат нова врска меѓу себе, преку која „Yahoo“ ќе го користи „Google“ за дел од обичните резултати од пребарувањето, како и за рекламите при пребарувањето, пишува „CNBC“.

Од „Yahoo“ потврдија дека почнале да тестираат реклами кои излегуваат при пребарувањето во „Google“ за дел од своите резултати при пребарување преку компјутери и мобилни уреди.

„Бидејќи работиме на создавање на најдоброто искуство за корисниците на „Yahoo“, од време на време ќе правиме мали тестови со различни партнери, вклучувајќи и такви кои се занимаваат со пребарувачи“, објасни „Yahoo“ во соопштението.

Од „Google“ исто така го потврдија овој договор.

Тестовите се иницирани од Арон Вол, основач на „SEO Book“ – интернет страна која им помага на компаниите да ги подобрат перформансите при пребарување во мрежата.

„Yahoo“ ќе има право да работи со други пребарувачи во април, кога ќе има преддоговор за партнерството со „Microsoft“, чиј пребарувач „Bing“ е ексклузивен снабдувач на резултати од пребарувањето и реклами за „Yahoo“. Двете компании соработуваат речиси 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП