17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Bank of Scotland се соочува со парична казна од 13 милијарди...

Royal Bank of Scotland се соочува со парична казна од 13 милијарди долари

rbs 35

„Royal Bank of Scotland“ (RBS) е под закана од парична казна во износ од 13 милијарди долари под обвинение дека ги натерала клиентите при купување на хипотекарни хартии од вредност (mortgage-backed securities – MBS), која сепак може и да не успее да ја плати, пишува „Financial Times“.

Тврдењето на судот доаѓа во време на подготовката на британската влада за продажба на својот удел во банката, која го стекна во 2008-ма година за да ја спаси од банкрот.

Болната перспектива поддржан од Владата, британска банка да плаќа големи суми на американски компании, постои од 2011-та година, кога Федералната агенција за станбено финансирање на САД (Federal Housing Finance Agency – FHFA) осуди 19 од најголемите финансиски институции во име на државните хипотекарни гиганти „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“.

Според обвинителите во лицето на „FHFA“, банките ги натерале клиентие за хартии од вредност спакувани со хипотеки на должници, чиј шанса да го вратат кредитот бил мал.

Сепак потенцијалните 13 милијарди долари се повеќе во споредба со очекувањата на голем број аналитичари. Сумата е повеќе од казните кои индустријата мораше да ги плати и кои исто така беа поголеми во однос на првичните сфаќања. Таа е и повеќе од двојно очекуваната добивка на „RBS“ за оваа година, како и доста над нејзините залихи.

Поголема е веројатноста судската спогодба да биде уште една пречка за плановите на британскиот министер за финансии Џорџ Озборн да почне да продава 79 отсто државен удел во „RBS“ во наредните месеци и тоа со загуба за даночните обврзници.

Во интервју за „Financial Times“, претседателот на Бордот на „RBS“ во оставка, Сер Филип Хемптон рече дека банката веќе обезбедила 2,5 милијарди долари за казната.

Но поради познавањето на големината на казната, за која некои аналитичари сметаа дека ќе биде над 5 милијарди фунти, Хемптон смета дека е „добра идеја да излеземе од патот пред почетокот на приватизацијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП