17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP треба да плати 18,7 милијарди долари

BP треба да плати 18,7 милијарди долари

bp

Властите во американските сојузни држави Флорида, Алабама, Мисисипи и Луизијана објавија дека постигнале договор со „Бритиш Петролеум“ во вредност од 18,7 милијарди долари.

Станува збор за решавање на судскиот спор поради излевање на нафта во Мексиканскиот залив во 2010-та година.

Договорот беше објавен додека федералниот судија ја подготвуваше пресудата за тоа колку „BP“ должи во глоба според Законот за чисти води поради излевањето на 473 милиони литри нафта во морето.

„BP“ наведе дека трошоците поврзани со излевањето на нафтата надминале 42 милијарди долари и без казни според Законот за чиста вода. Се уште е непознато колку „BP“ на крајот ќе плати според договорот од 2012-та година на поединци и компании кои бараа надомест на штета поради излевањето на нафтата.

Причината за оваа незгода беше експлозијата на платформата на 20-ти април 2010-та година кога загинаа 11 работници.

Ова се смета за една од најлошите еколошки катастрофи во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП