9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple со издавачите тајно ги договарал цените на е-книгите

Apple со издавачите тајно ги договарал цените на е-книгите

apple-boooo

Американскиот апелационен суд пресуди дека технолошкиот гигант Apple во тајност со неколку издавачи ги договорил, соопшти судот.

Со два гласа „за“ и еден „против“, апелациониот суд пресудил дека компанијата Apple ги прекршила приписите за слободен пазарен натпревар со влегувањето на пазарот на електронските книги на кој до тогаш доминантната позиција ја имаше онлајн продавницата на Amazon. Судијката Дебра Ен Линвигнстон образложувајќи ја одлуката рече дека со договарањето на цените „Apple нашол полесен пат за отворање на својот iBookstore“.

„Знаеме дека ништо погрешно не сторивме во 2010 година и ги разгледуваме нашите следните чекори“, ја коментираа за Reuters од Apple таквата одлука на судот, порачувајќи дека во овој случај станува збор за принципи и вредности.

Од американското министерство за правда објавија дека во тајното договарање на цените, меѓу другите, учествувале и познатите издавачки куќи „Hachette“, „HarperCollins“, „Penguin“ и „ Simon&Schuster“. Наведуваат, исто така, и дека таквата шема резултирала со раст на цените на електронските книги во некои случаи од 9,99 на дури 14,99 долари.

Во издвоеното мислење судијата Денис Џејкобс, пак, вели дека би ја поништил одлуката на судијката Денис Кот од 2013 година, а меѓу причините наведува дека постапката на Apple била про-конкурентно со тоа што е насочено против „монополистот“ Amazon, кј контролирал 90 отсто од тој пазар.

Пресудата се надоврзува на претходната пресуда на окружен суд од 2013 година во којашто судијката Кот утврди дека Apple имал централна улога во тајното договарање на цените со издавачите за да ги отстрани конкурентските трговци на мало и да ги подигне цените на електронските книги.

Министерството за правосудство во САД и 33 сојузни држави и окрузи во почетокот подигнаа тужба против Apple и пет издавачи. Сите издавачи се согласија и потпишаа дека ќе ги почитуваат наложените мерки со коишто се забранува ограничување на продавачите на електронските книги да ги утврдуваат цените.

Пресудата на апелациониот суд ќе го принуди Apple на потрошувачите да им плати 450 милиони долари, во рамките на договорот со 33 државни обвинители и адвокати на здруженијата на потрошувачите кои поднесоа заедничка тужба, освен доколку компанијата не се одлучи за натамошна жалба и не победи на судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП