26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСметките за струја ќе се добиваат електронски

Сметките за струја ќе се добиваат електронски

e-mail_icon copy

ЕВН Македонија ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена електрична енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Со оваа услуга, како што соопшти компанијата, корисниците ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

– Бенефитите од услугата „е – фактура“ се повеќекратни, се зголемува контролата на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите, наведува ЕВН.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и испратат формулар на електронската пошта [email protected] или ако формуларот директно го достават во најблискиот  Кориснички енерго центар (КЕЦ).

Формуларот може да се најде на интернет старната на ЕВН Македонија www.evn.mk или во сите приемни канцеларии на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП