17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony планира инвестиција од 3,6 милијарди долари за развој на сензори

Sony планира инвестиција од 3,6 милијарди долари за развој на сензори

Japan Sony Olympus

Јапонскиот електронски гигант „Sony“ најави дека планира да продаде акции и да издаде обврзница со цел да прибере 3,6 милијарди долари за финансирање на работењето со сензори.

Наведениот износ претставува речиси десетина од пазарната капитализација на „Sony“, а во компанијата планираат поголемиот дел од овој износ да го приберат преку примарна емисија и секундарна јавна понуда на акции. Ова ќе биде прва емисија на акции на „Sony“ по 26 години.

Преостанатите средства се предвидува да се соберат со издавање на обврзница која може да се претвори во акции, наведува AFP.

„Sony“ со овие средства планира да го финансира работење со сензори за фотоапарати, кои во иднина би требало да бидат во фокусот на јапонските компании. Со овој чекор „Sony“ се оддалечува од потрошувачките производи како телевизорите и паметните телефони каде е соочен со жестока конкуренција и бележи загуби.

Сензорите се технички софистициран елемент на дигитални фотоапарати и паметни телефони  и се искристализираа како еден од најсилните производи на „Sony“, покрај „PlayStation“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП