29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France ги негираше гласините за големи отпуштања

Air France ги негираше гласините за големи отпуштања

air france 0033

„Air France“ објави дека ги продолжува преговорите со вработените за намалувањето на трошоците, негирајќи ги гласините дека ќе укине уште 3.000 работни места, пишува „Bloomberg“.

Француската поделба на „Air France-KLM Group“ води преговори со персоналот и ќе ги открие плановите по завршувањето на летната сезона, објавија од авиокомпанијата преку електронска порака, одговарајќи на прашањето на весникот „Le Monde“.

„„Air France“ официјално ги негира информациите кои беа објавени во печатот. Бидејќи се движиме кон најзафатениот период на летните туристички патувања, кој е од особено значење за нашите резултати за 2015-та година, сите ние сме мобилизирани да им обезбедиме најдобра услуга на клиентите“, велат од овој авиопревозник.

Борејќи се да забележат профит по четири години загуби, компанијата овој месец откри дека планира да го намали бројот на дестинациите до кои патуваат и изјави дека може да одложи дел од понудата на авиони, додека преговорите со синдикатите за намалување на трошоците и натаму продолжуваат.

Компанијата со седиште во Париз ги проучува и барањата за својата флота и објасни дека можеби ќе го одложи купувањето на нови авиони. Превозникот веќе скрати повеќе од 7.500 работни места за период од три години, како дел од големиот план, кој има за цел да ја направи поконкурентна, па да одговори на компании како „Deutsche Lufthansa AG“, „British Airways“ и на превозниците од Персискиот залив, како „Emirates“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП