10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку трикови за витка линија

Неколку трикови за витка линија

vitko---telo

Виткоста зависи од многу фактори како што е генетиката и стилот на живот, но витките луѓе имаат и свои тајни кои им помагаат да ја одржуваат посакуваната тежина дури и кога генетски се склони на дебелеење.

Дознајте кои се четирите едноставни трикови кои и на вас можат да ви помогнат да ослабете или да ја одржите тенката линија и тоа веднаш.

1. Тргнете се од компјутерот

Додека јадете во канцеларија дали седите покрај компјутерот? Обидете се да ја отстраните оваа навика бидејќи при таквото јадење незабележувајќи јадете повеќе од тоа што сте гладни, бидејќи не мислите на јадењето туку на интересните содржини на компјутерот. Концентрирајте се само на јадењето и скратете некој залак од вашата порција.

2. Јадете храна која е полна со вода

Храната која содржи многу вода, како супата, салатата, краставица и лубеницата ќе ве заситат побрзо, а вие нема да изедете многу калории. Затоа пред главните јадења секогаш јадете супа и салата во поголеми порции со цел да немате место за јадењето.

– Добар трик за слабеење е пиењето на две чаши вода пред јадењето, кои нема да ви дозволат да се прејадете никогаш.

3. Пред јадењето замислете дека јадете

Пред да започнете да јадете замислете дека јадете. Оваа вежба на визуелизација малку ќе ве засити и ќе изедете малку помалку од планираното. Вашиот мозок ќе добие слика дека вашето тело веќе подолго време јаде и ќе сигнализира побрзо дека сте најадени.

4. Земете мултивитамини

Секојдневното пиење на мултивитамини може да ви помогне да ослабете. Најдобри се оние кои содржат 29 витамини и минерали, бидејќи ниниот недостаток во организмот создава апетит како реакција на потребата телото да ги надокнади хранливите вредности кои му се потребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП