18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTримесечнaта продажба на Tesco забележа пад помал од предвидуваниот

Tримесечнaта продажба на Tesco забележа пад помал од предвидуваниот

tesko 3

Продажбата на најголемиот британски синџир на супермаркети – „Tesco“ забележа помал пад од очекуваниот за првиот квартал. Податоците укажуваат дека колебливото обновување на клучниот (домашниот) пазар може да почне да се движи на здрава основа, пишува „Ројтерс“.

„Tesco“, кој реализираше рекордна загуба и е поврзан со сметководствен скандал, објави дека продажбата во британските продавници отворени повеќе од една година, бележат пад за 1,3% во тринаесетте недели до 30-ти мај во споредба со прогнозите на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ за пад меѓу 1,6% и 3%.

Од „Tesco“ придаваат дека резултатот е поради пониските цени, подобрата продуктната достапност и подобрите услуги за клиентите, поради кои повеќе луѓе купиле повеќе стока во поголем обем, макар и по пониски цени.

Падот во првиот квартал исто бележи подобрување во однос на намалувањето од 1,7%, запишано во четвртиот квартал на претходната финансиска година.

Според главниот извршен директор на „Tesco“, Дејв Луис резултатите во првиот квартал претставуваат уште еден чекор кон вистинската насока. Тој дојде во компанијата во септември 2014-та година со цел да ја реструктуира.

Луис ги скратува трошоци и продава имот за да ги намали долговите на компанијата, да го врати нејзиниот инвестициски рејтинг и довербата по катастрофалната година.

Резултатите доаѓаат во пресрет на годишното генерално собрание, што може да се претвори во кошмар. Средбата е првата можност за инвеститорите да постават прашања директно на Одборот на директори по сметководствениот скандал поврзан со грешки при пресметувањето на плаќањата на добавувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП