19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet Camaro веќе и како кабриолет (фото+видео)

Chevrolet Camaro веќе и како кабриолет (фото+видео)

cam cabrio

Американската компанија „Chevrolet“ го претстави официјално новиот „Camaro Convertible“.

cam cabrio1

Кабриолетот е изграден врз основа на новата генерација на популарниот модел, а ќе биде достапен на пазарите од почетокот на следната година.

cam cabrio2

Новиот „Camaro Convertible“ е опремен со мек платнен покрив кој нуди одлична звучна и топлинска изолација, покажува информацијата од производителот. Покривот има електро-хидрауличен погон и работи при брзина до 50 км/час. Тој може да биде отворен/затворен и преку далечински управувач, но само кога возилото не се движи.

cam cabrio3

Благодарение на новата платформа, која е користена и покажана пред еден месец врз купе верзијата, новиот „Camaro Convertible“ е за околу 90 килограми полесен од својот претходник.

cam cabrio4

Моделот ќе ги користи истите мотори кои се предлагаат и во верзијата со тврд покрив. Основниот мотор е 2,0-литарски со турбо и развива 275 КС и 400 Нм. Најмоќниот агрегат е „V6“ со зафатнина 3,6 литри (335 КС и 385 Nm), а на врвот во палетата е варијантата „SS“, придвижувана од 6,2-литарски „V8“ со 455 КС и 617 Нм.

Премиерата на новиот „Chevrolet Camaro Convertible“ ќе се случи наскоро, додека стартот на продажбата е закажан за почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП