8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook веќе има поголема капитализација од Wal-Mart

Facebook веќе има поголема капитализација од Wal-Mart

fb dolari

Новите трендови меѓу инвеститорите и нивниот „апетит“ за квалитетни технолошки компании се одразуваат со фактот дека најголемата социјална мрежа во светот – „Facebook“, веќе е со поголема пазарна капитализација од најголемиот трговски ланец „Wal-Mart“.

„Facebook“ го надмина малопродажниот синџир во почетокот на неделава и веќе е на 10-тото место според највисоката пазарна оценка меѓу компонентите на „S&P 500“, oбјави „CNN Money“.

Разликата во пазарната капитализација на двете компании се прошири завчера, без навидум очигледна причина. Други технолошки компании кои ја пополнуваат листата на американски компании ги вклучуваат „Microsoft“, „Google“ и „Apple“ со вкупна пазарна капитализација од 731.8 милијарди долари кон крајот на завчерашниот ден.

Пазарната капитализација на „Facebook“ изнесува 246.3 милијарди долари, додека онаа на „Wal-Mart“ е 233.7 милијарди долари.

За последната година акциите на „Facebook“ се зголемија за околу 34% во однос на растот на индексот „S&P 500“ од едвај 8,2%.

Од „Wal-Mart“ ги замолија акционерите за трпение, откако профитот на компанијата се намали за 7% во последниот квартал од минатата година. Профитот на компанијата во износ од 3.34 милијарди долари е малку под вкупните приходи на социјалната мрежа од 3.54 милијарди долари за изминатата година.

Растот во приходите на „Facebook“ сепак е при стапка од 42%, додека оние на малопродажниот синџир се намалиле минимално на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП