26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед дава 30 милиони и Де Геа за да го купи Рамос!?

Јунајтед дава 30 милиони и Де Геа за да го купи Рамос!?

Ramos-De-Gea 2

Раководството на Манчестер Jунајтед има сериозни претензии кон дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Според различни информации во англиските медиуми „црвените ѓаволи“ се подготвени да го купат шпанскиот репрезентативец или да го направат дел од евентуалната зделка за Давид де Геа, кој одамна најави дека сака да заигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Се шпекулира дека раководството на Јунајтед сака да понуди 30 милиони евра за дефанзивецот и плус голманот Де Геа, соопштува Мадридскиот весник „Ас“.

Рамос не може да се договори со раководството на Реал, а во моментов неговиот договор е до 2017-та година. Самиот дефанзивец лично го известил раководството на клубот дека ќе си замине во прва прилика.

Причината за неговата одлука е дека станал исклучително лут од реакцијата на клубот за информациите, според кои бил понуден на вечниот ривал Барселона. Дефанзивецот не бил задоволен дека никој од раководството на „кралевите“ не излегол во јавноста, за да ги негира гласините.

Рамос имаше и претходно конфликт со раководството и особено со претседателот на клубот Флорентино Перез поради отпуштањето на Карло Анчелоти и назначувањето на Рафаел Бенитез на негово место на чело на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП