Сопствениците на компјутери ширум светот се израдуваа на веста дека надоградбата на новиот „Windows 10“ ќе биде бесплатна, но според најновите информации, сепак тоа нема да биде така.
„Microsoft“ најпрво одлучи и на оние корисници кои немаат легален софтвер „Windows 7“, „8“ или „8.1“, или ја користат верзијата „Windows Insider Preview“, да им овозможи бесплатно превземање на најновиот оперативен систем, но судејќи според официјалниот блог на компанијата, дојде до драматичен пресврт.
На блогот на средината на минатата недела Габриел Аул, еден од вработените во компанијата, напиша дека сите корисници, вклучувајќи ги и регистрираните корисници на програмата „Insider“ ќе ја добијат оргиналната финална верзија на програмата, додека пак сега стои дека сопствениците на нелегален софтвер ќе добијат само „финална верзија“.
„Важно е да се напомене дека само оние корисници кои имаат легални верзии ќе можат бесплатно да го добијат оргиналниот „Windows 10““, беше објавено на блогот на компанијата.
Сепак, според пишувањето на специјализираните портали, тоа незначи дека во десниот агол на екранот ќе стои информацијата дека вашиот оперативен систем не е активен. Се додава дека и оваа верзија би требало да ги има истите технички можности, а на оваа информација најмногу ќе се израдуваат „домашните“ корисници на компјутери.