2 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДве нови мобилни апликации подготвува LinkedIn

Две нови мобилни апликации подготвува LinkedIn

link ee

„LinkedIn“ развива две мобилни апликации, по трендот во индустријата за пуштање на апликации со една функција, пишуваат светските агенции, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Апликациите кои се тестираат, се нарекуваат „LinkedIn Groups“ и „LinkedIn LookUp“. Првата ќе ги известува корисниците кога во групите во кои членуваат, има нови мислења. Втората им овозможува на корисниците да најдат информации за колеги во нивната компанија. Се уште не е јасно кога апликациите ќе бидат официјално пуштени.

Истовремено „LinkedIn“ тестира различни промени во функцијата за испраќање пораки во своите апликации, а се обидува да ја поедностави и комуникацијата, велат изворите.

Повеќе од половина од сообраќајот на „LinkedIn“ доаѓа од мобилните телефони, а одделните апликации ќе им овозможуваат на корисниците на таков тип уреди да добијат брз и лесен пристап до услугите на компанијата.

Трендот за одделување на функции се забележува и кај другите социјални мрежи, вклучувајќи го „Facebook“, кој веќе има две апликации за разговор – „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“, како и апликацијата за споделување на фотографии – „Instagram“.

Сепак, „LinkedIn“ заостанува од „Facebook“ и други социјални мрежи во однос на користењето на нејзините мобилни апликации. Во мај месечните посетители на „LinkedIn“ имаат поминато само по минута на ден во апликацијата – податоци не се зголемени значително во текот на изминатите две години.

Истражување на „Cowen & Co.“ покажува дека мобилните корисници имаат поминато по 44 минути на ден во апликацијата на „Facebook“, што претставува дека околу една петтина од времето се користи за работа со мобилни апликации.

Испраќањето на пораки преку мобилните платформи е особено популарно во моментот, а лидерите во оваа сфера се „Facebook Messenger“, „WhatsApp“, но и стартапите, како „Snapchat“ и „Kik“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП