9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald`s ќе затвора ресторани во САД

McDonald`s ќе затвора ресторани во САД

mcdonalds 33333

Најголемиот ланец на светот за хамбургери за оваа година најави затворање на повеќе ресторани во САД, отколку отворање на нови.

Синџирот за продажба на плескавици, прв пат по повеќе од 40 години, а можеби и од својот почеток, „McDonald`s“, вели дека ќе го намалува бројот на свои ресторани во САД.

Бека Хари, претставничката на „McDonald`s“ за медиумите одби ја да каже точната бројка, но рече дека ќе биде „минимално“ намалување на сегашниот број од 14.300 американски ресторани на оваа компанија.

Оваа компанија многу бргу растеше во поголемиот дел од својата историја, доследно нудејќи храна по пристапни цени. Таа дури и цветаше во текот на рецесијата, кога „менито за еден долар“ им помогна на луѓето да заштедат, а беа воведени и нови производи.

Но, други ланци како што е „Chipotle“ рекламираа храна со подобар квалитет со што ја намали доминацијата на „McDonald`s“.

Директорите на „McDonald`s“ исто така признаваат дека нивното премногу комплицирано мени доведе до грешка во извршувањето на нарачките и го продолжи чекањето на гостите, а не успеаа да одржи чекор со промените на вкусовите на клиентите.

Во април, „McDonald`s“ изјави дека оваа година ќе затвори околу 700 локации во светот кои имаат слаби резултати, а притоа и ќе се намали бирократијата и ќе работат поефикасно.

Затворањето на слабите ресторани не е необично за компании кои се обидуваат да ги подобрат бизнис резултатите. „Старбакс“ затвори стотина кафе-ресторани во САД од 2008-ма, а ја зголеми продажбата и географски се прошири.

Иако затвора ресторани, „McDonald`s“  останува најголемиот ланец за продажба на плескавици во САД, каде и натаму има повеќе ресторани од „Burger King“.

„McDonald`s“  и натаму расте во светот каде планира за оваа година да додаде уште 300 на вкупно 36.000 ресторани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП