10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba и Foxconn сакаат да инвестираат 500 милиони долари во Snapdeal

Alibaba и Foxconn сакаат да инвестираат 500 милиони долари во Snapdeal

snap deal 3233

Кинеската компанија за електронска трговија „Alibaba“ и „Foxconn Technology Group“, која се занимава со составување на „iPhone“, водат преговори за заедничка инвестиција од околу 500 милиони долари во „Snapdeal.com“, пишува „WSJ“, повикувајќи се на извор запознаен со предметот. Според него овој потег ќе го оцени петгодишниот индискиот стартап за онлајн трговија на речиси 5 милијарди долари.

„Snapdeal“, која е во сопственост на „Jasper Infotech“, ги поврзува трговците и купувачите, а продава се – од мобилни телефони до автомобили и куќи. Минатата година компанијата доби инвестиција во износ од речиси 1 милијарда долари од „eBay Inc.“ и јапонската компанија за телекомуникации „SoftBank“, што ја процени на 2 милијарди долари.

Извор запознаен со оваа состојба, тврди дека „Alibaba“ и „Foxconn“ се одлучиле да земат заедно 10% удел од „Snapdeal“, иако договорот прво треба да добие одобрение од регулаторите во Индија. Според изворот претседателот на „Foxconn“ Тери Гоу го убедил Извршниот претседател на „Alibaba“, Џек Ма дека има повеќе смисла да инвестираат заедно, отколку одделно.

Претходно оваа година „Alibaba“ и „Snapdeal.com“ почнаа преговори, кои се во застој, бидејќи кинеската компанија за електронска трговија не е заинтересиран за инвестиција во мал удел од „Snapdeal“, коментира уште изворот.

За „Alibaba“ еднo учество во „Snapdeal“ ќе и помогне за забрзување на експанзијата на кинеската компанија на индискиот пазар на електронска трговија, кој доживува бум, бидејќи се повеќе Индијци претпочитаат онлајн да купуваат облека, прибор, книги и електроника.

За „Foxconn“ инвестицијата во „Snapdeal“ ќе и даде можност за влезе во трговијата на мало во Индија, каде има бум во побарувачката на смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП