24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ja претстави апликацијата Moments (видео)

Facebook ja претстави апликацијата Moments (видео)

moments fb

Со постојаниот растечки интерес кон апликациите за организација и чување на слики, од „Facebook“ одлучија да учествуваат и во оваа трка.

„Moments“ е новата апликација достапна за корисниците на „Android“ и „iOS“ уредите, што го олеснува наоѓањето на пријатели на сликите на вашите уредите. Ја користи технологијата за откривање на лице, со кое ги скенира и нуди тагнување на Вашите пријатели на фотографиите.

Ако тагнатите лица исто така користат „Moments“, тогаш тие ќе ги видат сликите во сопствената синхронизиран колекција. Ако се уште не користат „Moments“, тогаш тие ќе добијат известување преку „Facebook Messenger“.

Апликацијата создава збирки на фото албуми кои содржат фотографии на корисникот и неговите тагнати лица, заедно со опции за пребарување и преименување.

Постојат две главни разлики помеѓу „Facebook Moments“ и други апликации за споделување на фотографии:

„Facebook“ ги препознава вашите пријатели преку профилите на социјалната мрежа.

„Facebook“ ја користи својата апликација „Messenger“ за испраќање на известувања.

Целта на социјалната мрежа е да им помогне на корисниците на интернет да ги споделат сите слики од значајни настани кои некако стојат „закопани“ во албумот на Вашиот мобилен уред. „Moments“ ги групира овие слики според тоа кој е на сликата и каде е снимена.

Концептот е многу едноставен и звучи навистина ефикасно – на еден роденден на пример, се собираат многу луѓе кои го сликаат настанот. Ако сите користат „Moments“, тогаш целата колекција од фотографии направени од различни лица, ќе се собере на едно место. Тоа е огромна погодност за сите кои сакаат на најбрз начин да се изгради еден сеопфатен албум.

Од поставките на „Facebook“ ќе можете да одберете дали сакате да бидете тагнати – од оваа опција зависи и тоа дали софтверот за препознавање на слики ќе „интервенира“ на вашето лице.

Можете да ја преземете „Facebook Moments“ за „Android“ од „Google Play“ и за „iOS“ од „iTunes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП